МАКЕДОНИЈА

Силјановска: На изборите се одлучува дали Македонија ќе биде проевропска

Кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова истакна дека на 24 април и осми мај ќе се одлучува дали Македонија ќе биде проевропска држава. Таа на митингот во Охрид најави дека како претседател на државата ќе работи на јакнење на културниот туризам. Силјановска Давкова вети дека во соработка со Министерството за култура ќе покрене организирање на меѓународен форум – Плаошник форум, на кој ќе се дискутира соработката на цивилизациите, религиите и културите. Таа исто така вети дека нема да ги заборави државните и националните интереси, за разлика од опонентите кои, како што вели, овие интереси ги погазиле.

„Ќе одлучите дали Македонија, како твоја и горда, навистина ќе биде проевропска, бидејќи ако Македонија не е твоја и ако не е горда не може да биде ниту европска држава. ЕУ е единство на различностите“, рече Силјановска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button