Поврзете се со нас

Свет

Мбапе со нова изјава за незадоволниот Гризман: Јас сум врската меѓу старата и новата генерација

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Килијан Мбапе беше назначен за нов капитен на Франција и имаше извонредна премиера со новата улога, бидејќи „триколорите“ ја декласираа Холандија на Стад де Франс.

Големата ѕвезда на ПСЖ уште на прес-конференцијата пред европското дерби откри дека морал да го смирува Антоан Гризман кој останал крајно разочаран што не бил избран за капитен, бидејќи токму тој важи за играчот кој важи за клучен во ерата на Дидие Дешамп.

Мбапе уште пред неколку дена откри дека искрено разговарал со Гризман и отстраниле било какви идни недоразбирата, но сега поопширно говореше за „Телефут“ и откри дека нема план да му соли памет на никој кој е подолго од него во репрезентацијата.

– Не сакам да бидам капитен кој диригира и наредува, мора да се мисли на тимот пред се. Имаме многу важни играчи кои долги години се во репрезентациајта. Целта е да бидам капитен, а притоа на никого да не му ја завторам вратата за да каже што мисли. Јас ќе бидам врската меѓу старата и новата генерација.

– Имаме важни играчи како Жиру и Гризман и тие секако ќе имаат влијание во се што правиме заедно. За мене да се биде капитен е нешто симболично, на теренот претставувам милиони Французи. Ова е навистина специјално и големо, ме навраќа на деновите кога сонував за такво достигнување со капитенската лента на својата земја, – вели Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни