Поврзете се со нас

Италија

Пиоли излезе со коментар за необичниот протест на фановите на Милан (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Елиминацијата од Рома во Лига Европа целосно ги урна амбициите на Милан во самата завршница од сезоната, па така тимот на Пиоли заборави да победува и во домашното првенство.

„Росонерите“ речиси го обезбедија второто место на табелата и не забележаа ниту една победа на последните четири меча во Серија А, но тоа ги натера главните тифози да протестираат на необичен начин на „Сан Сиро“.

Најстраствените навивачи на „Курва Суд“ вчера предвреме го напуштија стадионот и си заминаа во 80-та минута од мечот со Џенова, а на трибината ја оставија следната порака до управата на клубот:

– Звукот на тишината!, – гласеше моќната порака која е испратена до раководните структури на Милан, луѓе од кои навивачите се разочарани поради недостатокот на амбиции и афинитети кон големи нешта.

Повеќе од верорјатно е дека Стефано Пиоли ги брои последните денови како тренер на Милан, па новинарите побараа одговор од него за сериозниот сигнал кој го испратија тифозите.

– Перформансите беа добри, но не бевме способни да оствариме клучна победа за потврда на второто место. Не победивме на последните четири меча и фановите бираат свој начин да протестираа. Ние можеме само да го почитуваме нивниот став. Тие секогаш била поддршка плус за нас, ако се одлучиле на ваков чекор, има прирчина за тоа и ние мора да одговориме на најдобар начин на теренот, – изјави Пиоли по ремито со Џенова од 3:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни