Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Цветко Смилевски, сооснoвач на групацијата фирми “Детра Центар“, “БАС“ и “БАСИМ, го заокружив циклусот и полека се повлекувам (фотогалерија)

-Успех се постигнува со напорна работа и учество на сите. Никој не успеал сам. Луѓето учествуваат заедно, секој со нешто учествува. Филозофија на сите. Сите луѓе во организацијата се важни, но и без секого се може. Една мудрост вели “Ако трчаш на 100 метри оди сам, ако трчаш маратон оди со повеќе луѓе, за да си помагате едни со други“.  Од тука тргнував секогаш и тоа се покажа како стратегија која дава резултати. “Секогаш сум бил за ново и развој. Но, секоја нова работа е напорна и тешка. Се вели дека за новото постојат два патишта: добар и лесен. Лесниот не е добар, а добриот не е лесен“.

Жанета Ристевска

-При отвароњето на “БАС“ ја имав мислата дека во високото образование, на секој факултет има по некој  професор кој  така да кажам ги малтерертира студентите. Одат на испит по 20 пати, губат години. Имало случаеви кога студент ја кини книгата кога завршил испитот кој го полагал по многу пати. Тоа не е инспиративно. Не треба да им  докажаеш колку не знаат, туку професорот е тука за нив да се пробуди интерес, мотивација, надградба на знаења… Вака го започнавме разговорот со професор д-р Цветко Смилевски, претприемач, иноватор човек кој внесувал новини и предизвикувал промени.Човекот кој ја имаше визијата пред 30 години да започне со “ДЕТРА Центар“,  денес може со гордост да каже дека придонел многу и донесол промени во време на транзиција на нашето општество. Менаџмент гуру кај нас, прилагодувајќи ја методологијата на Исак Адижес на наше тло. Разговорот  со повод, оваа година 3 јубилеи: 30 години “Детра Центар“, 15 години “БАС“ и 10 години “БАСИМ“.-Полека се повлекувам, но уште сум им тука на располагање. Не да сум им над глава. Сметам дека веќе се созреани да бидат самостојни. Сега сме во фаза на премин од самостојно на заеднико работење на трите институции. Заокружен е циклусот на трите дејности: образовна, консултантска и научна и со заеднички капацитети понатаму ќе настапуваме како групација. Лично сметам дека успешно е завршен циклусот за формирање на групацијата. За поголеми проекти од ЕУ и  меѓурегионални потребно е да настапуваме како групација. Групацијата има портфолио да настапува заеднички, притоа не нарушувајќи ја автономијата и надлежностите на секоја од трите фирми посебно.Дали сметате дека вашата визија низ мисијата на трите фирми во групацијата е реализирана?

Сите три институции се врзани со нешто ново.  30 “ДЕТРА ЦЕНТАР“ (Developing through training – Развој низ обука) Пред 30 години во 1992 година за време на транзицијата после искуствата донесени од САД се отвори “ДЕТРА Центар“ (Developing through training – Развој низ обука). Ќе кажам како се започна. Во 1989 година кај нас се што имаше врска со менаџерство се поврзуваше со „капиталистичко“ па голем дел од терминологијата од менаџментот се заменуваше со нешто поприфатливо. Затоа првите студии по менаџмент кај нас во областа на менаџмент на човечки ресурси беа именувани како „Организација и развој на кадрите“ во тогаш важечката научна област “Кадрологија“ на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Во тој период 1990/91 кај нас немаше литература за менаџмент. Јас бев заинтересиран како професор и за нешто ново да се воведе и кај нас. Секогаш сум бил за промени. Кај нас литература за менаџмент можеше да се најде само во  канцеларијата на Американската информативна агенција во Скопје. Од таму јас постојано  позјмуавав литература.  Увидувајќи дека сум ентузијаст и ме интересира оваа тематика, ме прашаа  дали би сакал да одам Америка на таканаречена Visitor’s Program. Преку оваа програма САД  ја шират нивната практика во многу области. Се разбира дека со задоволство прифатив, иако не го знаев добро англискиот јазик. Затоа во 1991 со придружба на преведувач отидов во САД. Во неа посетив 20 универзитети од 10 сојузни држави, направив контакти со околу 50  универзитетески професори, стапив во контакт со 10 институции, консултантски фирми, синдикати, здруженија. Запознав респектирани професори од врвни универзитети во САД и имав можност да учам од нив. Можете да замислите какво  богатсво и искуство беше тоа за мене. Моите контакти со нив ми овозможија тие подоцна да дојдат тука  и да пренесуваат знаења кај нас во “Детра Центар“, на наши клиенти. Кога се вратив есента се отвори “Детра Центар“.“Детра Центар“, започна со курсеви низ работилници од надзорничка обука и претприемништво. Набрзо, како посебна дејснот се формира училиштето “Funschool“ за синергетски изучување на компјутери, англиски јазик и креативност.Тоа беше прво од ваков вид во нашето опкружување. Многу ученици од различна возраст, но и возрасни поминаа низ обуките на “Детра Центар“. Низ годините “Детра“ ја реализира својата функција со развој на сопствена консултантска методологија именувана како “СКИТОП“ (синергетско креирање и интегрално трансферирање на организациските промени). По стекнатото искуство од спроведување неформално менаџерско образование во и сознанија за потребите на фирмите од консултантската работа на “Детра центар“, се одлучивме образованието и обуката на вработените менаџери да ја формализираме со формално високо образование.  Затоа пред 15 години се отвори “Бизнис Академија Смилевски – БАС“.15 години БАС

-Во 2006 година после отварање на првите приватни  факултети, сакавме да докажаме дека може да има квалитетно приватно високо образование, исто како што дотогаш функционираше приватно средно образование. Тука беа  гимназијата Американска средна школа, Нова и Јахија Кемал. Затоа со акредитирање на студиската програма по Оперативен менаџмент и со нашето 15 годишно искуство во обука на менаџери сакавме да дадеме придонес во поврзување теоријата со пракса. Особено внимание посветувавме на кадарот. При приемот на професори на нашата Висока стручна школа, тие  покрај задолжителните документи по конкурсот, потребно беше да ја поминат и постапката на хабилитација, односно да бидат позитивно оценети од страна на студентите по одржувањето на наставна средба. Работата во нашата академија се темели на работа во мали групи и интерактивна настава, преку решавање на студии на случај. Нашите студенти учат од нашето консултантско искуство кое се темели на методологијата и теоријата за консултантсво на  Исак Адижес. Примери се наши фирми клиенти, со кои имаме позитивни консултантски искуства. Исто така соработуваме и со наши поранешни студенти кои доаѓаат кај нас во БАС како практичари, клиничари, односно луѓе со големо практично искуство.

Во “БАС“ досега се образуваа оперативни менаџери, тоа е она средно ниво менаџери во организациите. Но, кога увидовме дека ги има доволно, еве веќе две години се образуваат и следна година ќе завршат првите бизнис менаџери. Од оваа година започнавме и со нова студиска програма по маркетинг менаџмент. На втор циклус е студиската програма по Стратегиски менаџмент, а се подготвува и новата  Менаџмент на човечки ресурси. По однос на бројот на запишани студенти, истиот од година во година се зголемува. Има осцилации секако.10 години “БАСИМ“ 

-Последна од групацијата е “БАСИМ“ Институтот за менаџмент (БАСИМ) Битола, основан пред 10 години. Приоритет на оваа фондација е креирањето на знаења, а резултатите од научните истражувања се применуваат во БАС и ДЕТРА Центар.Идни планови

-Продолжуваме со нашата мисија, сега како групација на трите фирми. На тој начин можеме да се вклучуваме во големи проекти и склучување на партнерства со други организации од регионот. Последните две години работиме на заеднички проект од ИПА програма за прекугранична соработка со 2 партнерски организации од Грција и Регионалната Стопанската комора од Битола со скратен наслов  „Транзиција кон зелена економија“. Уште пред енергетската криза, увидовме дека треба да  им помогнеме на фирмите од пелагонискиот регион да ги зајакнат своите капацитети, реформи, стратегии, решенија за преод  од лигнитска кон постлигнитска енергетска ефикасност, кон обновливи извори, решенија кон зелена економија. Во рамките на овој проект нашето искуство ќе го искористиме за изработка на регионална стратегија за споменатата транзиција како и 10 компаниски стратегии и бизнис планови во оваа област за 20 фирми да направат апликации за ИПАРД програмата во оваа област на зелена економија. Паралелно со овој голем проект, мојата визија е со партнерите од соседните земји а да воспоставиме потесна соработка како академска регионална заедница на Западен Балкан која ќе разменува академски искуства и ќе работи на регионални проекти.Издаваштво БАС

-Сите професори на БАС имаат по неколку публикации. Во врска со актуелната тема на штотуку одржаната научна конференција е книгата „Македонски успешни приказни“ која содржи успешни приказни на претприемачки фирми, најмногу од Битола. Приватен живот

Низ целата ваша работа многу успешно ги усогласувате приватниот  живот и кариерата. Во својата автобиографија „Сеќавања за иднината“ пишувате :

-Моите успеси на кариерен и професионалне план, покрај личниот влог и искористувањето на создадени можности, најмногу се должи на Цена, мојата сопруга.Идејата да напишам автобиографија ја даде мојот син Здравко на нашата прослава од 50 години брак. Во „Сеќавања за иднината“ ја опишав нејзината извонредна посветенсот кон децата и семејството, заедно со нејзиното непосредно техничко и редакторско учество во финализирање на многу мои трудови. Во текот на првите десетина години, кога Цена не беше вработена, таа се грижеше за нашите деца и домот, ја користевме секоја можност да ме придружуваат, најчесто во Охрид. Додека јас бев зафатен со активности, таа ги носеше децата на прошетки. Бидејќи тогаш се одржуваа и настани како симпозиуми, конференции, денови на просветни работници, таа постојано беше присутна и бешенајголемиот критичар на моите настапи со што значајно придонесе за мој обучувачки и презентерски стил. Моите два синова Здравко и Горазд сега се реализирани личности. Здравко со семејството живее и работи во САД, а Горазд со семејството живее тука и е вклучен во работата на трите фирми.За крај

-Во своите “Сеќавања за минатото“ автобиографија проф. д-р Цветко Смилевски пишува „… посветена на децата на моите деца и учениците на моите ученици“. Многу негови ученици денес се менаџери, консултатнти, успешно водат фирми, го продолжуваат студирањето на втор циклус на универзитети како Харвард и други. Со тоа тој со неговата професионална работа има значаен  непосреден  придонес со поедници и организации. Долгорочно преку посредното  влијание што ќе го извршат тие поеднинците и институциите понатаму.На почетокот напишав “Менаџмент гуру“ кај нас. Методологијата на Исак Адижес ја прилагоди на наше тло. Исто така и мој учител од кој научив многу. Ви благодариме многу професоре.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »