Гордана Силјановска Давкова убедливо води пред Стево Пендаровски по обработени 30 отсто од гласачките места. Според податоците од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска има освоено 109 692 отсто од гласовите или 45 отсто, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски 48 553 или 19,92 отсто. Бујар Османи има 28 547 гласа, а бројката пред името на Максим Димитриевски ја заокружиле 19 227 гласачи. За Арбен Таравари се изјасниле 18 432, а за Билјана Ванковска 11 033 граѓани. За Стевчо Јакимовски гласале 2 482, а неважечки се 5 813 ливче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.