Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кортни и Тревис ги објавија првите фотографии од нивниот син Роки

Шоубиз

Кортни и Тревис ги објавија првите фотографии од нивниот син Роки

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (44) и нејзиниот сопруг, тапанарот Тревис Баркер (48) ги објавија првите фотографии од нивниот син Роки.

Тие го добија своето прво заедничко дете пред речиси два месеци.

Во описот напишаа само: ‘РОКИ’ со црно срце емотикон.

На една од фотографиите е прикажана Кортни како го дои нејзиното бебе, а на друга фотографија се гледа како Тревис го бакнува својот син.

Кортни и Тревис го пречекаа својот син на 4 ноември. Тогаш извори за медиумите изјавија дека ријалити ѕвездата била пресреќна поради своето четврто дете.

Кардашијан имаше некои компликации за време на бременоста. Како што тогаш пренесоа американските медиуми, а потаа и самата напиша на својот Инстаграм, таа мораше да има итна операција во септември, а Тревис ги откажа сите концерти во тоа време за да биде со сопругата.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.