Top Sport

Милан го продава Мајк Мењан

Милан доколку во летниот преоден рок добие понуда која ги задоволува барањата на клупските челници ќе го продаде голманот Мајк Мењан.

Мењан е прв голман на Милан, стандарден е француски репрезентативец, но според медиумите во Италија, клупските челници не се задоволни од неговите настапи оваа сезона.

Италијанците тврдат дека доколку Мењан замине од клубот на неговото место ќе дојде
Микеле Ди Грегорио, голманот кој во моментов настапува за Монца и е еден од најдобрите во Серија А.

За овој 26-годишен голман е заинтересиран и Јувентус.

Scroll to Top