Спорт

25-годишниот Илјаз Чилјафи е новото засилување на Брера Струмица

25-годишниот Илјаз Чилјафи од Скопје е новото засилување на Брера Струмица на неколку дена пред стартот на пролетниот дел од шампионатот. Чилјафи игра на позицијата лев бек, а во тимот на Брера доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш каде одигра одлични партии во есенската полуетапа на второлигашкото натпреварување.

„Ми преставува вистинско задоволство што ќе бидам дел од тимот на Брера Струмица, клуб кој го сврте вниманието на фудбалската јавност во земјава и пошироко. Добро сум прифатен во тимот и веќе се приклучив во тренажниот процес на струмичани. Се надевам дека ќе добијам шанса за да ги покажам своите квалитети и дека како тим ќе ја исполниме зацртната цел а тоа е место погоре на прволигашката табела“ изјави Чилјафи.

Препорачуваме:

И годинава во Василево турнир во мал фудбал вреден 200 илјади денари – почна пријавувањето !

Шампионите во БИБЛ лигата КК „Блокотехна“ се сретнаа со Поцков

Сузана Мицева

Видео – Голманот на Арсенал , струмичанецот Дени Илиев запеа и македонско !!

Ване Трајков