ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

На бизнисот со цвеќиња не му цвета работата

На бизнисот со цвеќиња не му цвета работата

Цвеќињата венеат додека купувачите сè повеќе ги нема. Вака изгледа цветниот пазар овие денови. Продавачите се жалат дека интересот за купување е намален за дури 70%, а се жалат дека не постигнуваат ниту да ги извадат трошоците направени за оваа сезона.

„Цената падна катастрофално. Се движат 15, 20, 25 денари, зависи за каков цвет станува збор. Воопшто нема интерес, како што гледате и самите, нема интерес за ништо. Нас повеќе нè погодени оваа криза, моментално е слабо, но се надеваме на нешто подобро“, рече еден продавач на цвеќиња.

„Трошоците моментално, колку да извадиме нешто само за одржување, бидејќи нè чини и без цвеќе, да се остави ова место. Некои си ја продолжуваат работата додека можат, да не дојде некој, па да се врати без цвеќе“, рече еден продавач на цвеќиња.

Поради поскапувањата на основните производи, дел од граѓаните велат дека цвеќињата станале луксуз, поради што ги ставаат на дното на листата за купување.

„Со овие услови и лебот е проблем, а не па цвеќето. Лебот е проблем за купување и да не зборуваме за цвеќињата, тоа е секундарно“, се изрази еден граѓанин.

Некои пак, не се откажуваат од декорацијата, затоа што им дава убаво чувство.

„Таму каде што живееш, сакаш да биде добро. Без цвеќиња не изгледа убаво. Зависи за кого, некој има буџет, некој нема“,  граѓанин.

Продавачите на цвеќиња ни рекоа и дека поради огромните загуби, голем дел од нив почнале да се откажуваат од оваа професија./Alsat.mk

 

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button