Невиден скандал: Навивач влета на терен и со корнер-знамето го удри гостинскиот голман (видео)

Неверојатен инцидент го одбележа дуелот од втората турска лига меѓу Гезтепе и Алтај, откако еден домашен навивач влета на теренот и со корнер знаме го удри голманот на Алтај.

Играта во тие моменти беше во прекин поради повреда на еден фудбалер, поради што на теренот имаше и амбулантно возило, но никој не можеше да претпостави дека може да дојде до таков хаос, навивач да се симне на терен и кукавички, од зад грб да го нападне голманот Озан Еврим.

Погледнете го овој неверојатен инцидент…

Се вчитува...