еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Давкова прва, Пендаровски втор, Таравари трет: Анкета на ЦРПЦ

Според анкетата на Центарот за политички истражувања и комуникации (ЦРПЦ) направена во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги „Глас на вистината”, спроведена телефонски во периодот од 8 до 13. април, кандидатката за претседател на Македонија на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова ужива најголема доверба кај граѓаните.

За нејзе би гласале 20,4 отсто од испитаниците, а втор е актуелниот претседател Стево Пендаровски, кандидат на владејачката СДСМ, за кого би гласале 16,8 отсто од анкетираните.

Арбен Таравари од коалицијата “Вреди“ е трет со 7,9%, а по него е Бујар Османи, кандидатот на коалицијата „Европски фронт“, со 6,7%.

За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 отсто од анкетираните, за Билјана Ванковска, кандидатката на Левица би гласале 2,6 отсто од испитаниците, а за Стевчо Јакимовски, кандидатот на ГРОМ, би гласале 1,2 отсто од граѓаните.

Дури 18,5 отсто одговориле дека нема да гласаат за никого, а 23,2 отсто не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена врз 1.210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето било реализирано на ниво на цела Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи и географската распределба.

Маргина на грешка на оваа анкета е плус или минус 3%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Прва ВМРО-ДПМНЕ, втора СДСМ, трета коалицијата „Вреди„: Анкета на ЦРПЦ

Фото: Игор Бансколиев/Илиустрација: ЦРПЦ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија побара од Врховниот суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација

Редакција

Што содржи нацрт-преговарачката рамка на ЕУ со Македонија?

Редакција

(Мапа) Скопје, Куманово и Дебар со најголем број, во Крушево први случаи на заболени со коронавирусот

Редакција