ТЕРА

REKLAMA???

ВО РЕК БИТОЛА ЗАПОЧНА АКЦИЈА ЗА СТЕРИЛИЗАЦИЈА И КАСТРАЦИЈА НА КУЧИЊА ВО КРУГОТ НА КОМБИНАТОТ

РЕК Битола во соработка со организацијата „Daisy Family Rescue“ започна акција за стерилизација и кастрација на кучиња во кругот на комбинатот, соопштија од ЕСМ.

Волонтери од организацијата, заедно со стручни лица од ветеринарната амбуланта “Зебра Ветерина” од Демир Хисар денес заловија десетина бездомни кучиња во Рудникот Брод – Гнеотино и околу објектот на Термоелектраните на РЕК Битола. Заради површината на РЕК Битола и бројот на бездомни кучиња во кругот на комбинатот, акцијата ќе биде реализирана во неколку наврати.

Овој хуман пристап има за цел да го намали бројот на бездомни кучиња преку спречување на непотребните легла, односно размножување и прогресивно зголемување на нивниот број, со што ќе придонесеме кон побезбедна средина за сите вработени во РЕК Битола и би се спречиле понатамошни несакани ситуации.

Организацијата „Daisy Family Rescue“ е формирана во 2016 година, а во октомври 2023 година ја започна кампањата за бесплатна стерилизација и кастрација на кучиња од која дел е и РЕК Битола.