• среда, 24 април 2024

Велешкиот театар со повеќе активности го одбележува 27 март Светскиот ден на театарот

Велешкиот театар со повеќе активности го одбележува 27 март Светскиот ден на театарот

Велес, 17 март 2024 (МИА) - Ученици од неколку велешки училишта, денеска, на 27 март, Меѓународниот ден на театарот, имаа можност да се запознаат со сложените и  најсовремени театарски механизмите на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а  со коишто се подготвуваат театарските претстави. На овој Отворен ден на велешкиот театар  им овозможи на младите велешани на интересен начин да се запознаат со сите чекори коишто ги поминуваат актерите и целиот технички персонал на театарот  при подготовка на секоја премиера.Инаку техниката и подвижната сцена  на самиот велешки  театар е еден од најсовремени и најубави во земјавa и пошироко во европски и светски рамки.

Воедно  театарскиот  тим на велешкиот театар попладнево започна со  и првата проба за спектаклот „Рацин“, поетска трагедија, според песни од Коста Солев  Рацин во режија Дејан Пројковски.Истата  е дел од годишната програма за работа на институцијата и ќе биде четврта премира за 2024.

Вечер во 20:00 часот на големата сцена ќе биде одиграна и првата реприза од новата комедија „Вечера за глупаци“во режија на Ненад Витанов , а со која минатата недела беше отворен и Фестивалот на комедијата „5 ре“..

 Билетите за претставата со којашто ќе се одбележи денешниот ден на театарот се распродадени пред скоро една недела.

Од менаџерскиот тим  на  театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“  потенцираат дека тоа е само потврда за нивната успешна работа и дека велешката публика е публика  со истанчен вкус за театар и знае што е добра претстава која секогаш ја наградува со голема посетеност и на крајот со  долг и силен аплауз.ад/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан