Пејачката ги прекрши правилата на фестивалот, па организаторите треба да платат огромна казна

од Симе Стоиков

Заврши музичкиот фестивал Коачела, а по настапите на светските ѕвезди беше прекршено едно правило.

Пејачката Лана Дел Реј настапи во Коачела покрај Шакира и други светски ѕвезди, но за време на нејзиниот настап прекршила правило поради кое сега фестивалот треба да плати 28.000 долари, пренесува ТМЗ.

Имено, пејачката настапила 13 минути подолго од пропишаното, со што го прекршил договорот што фестивалот го има со градот.

На фестивалот му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите пет минути од прекршувањето на времето и дополнителни 1.000 долари за секоја минута потоа.

Слични содржини