ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување

Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување

Приватните специјализанти привремено го ставаат генералниот штрајк во мирување поради пациентите, сензитивноста на периодот и отежнатата работа на клиниките во комплексот „Мајка Тереза”, но секој вторник за време на паузата ќе излегуваат во паркот пред интерните клиники за да потсетат дека треба да се решат нивните барања. Јавно се оградуваат од каква било политичка поврзаност и мотивираност и велат дека единствениот мотив за штрајкот им бил тоа што биле доведени до работ на егзистенција.

Приватни специјалисти велат дека имале закани од професори и лекари да не излегуваат на протести. Тие се револтирани затоа што немаат пензиско и здравствено осигурување и бараат зголемување на месечниот надоместок кој сега изнесува 26.000 денари и бараат тој да биде на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа. Исто така, бараат здравствено осигурување и решавање на нивниот статус кој во моментов, како што рекоа, е невработени лица без здравствено и пензиско осигурување со договор на дело./Алсат.мк

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button