Изведба на оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во НОБ


 

На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе биде изведена под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф Олга Панго, концерт – мајстор Јане Бакевски, хор – мајстор Јасмина Ѓорѓеска.

Во операта настапуваат Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Дејан Стоев и Драган Ампов, балетските солисти Ендру Кук (Велика Британија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.