Русите се подготвуваат да ја напуштат нуклеарката во Запорожје

Од:

Шефот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом рече дека има знаци дека руските сили се подготвуваат да ја напуштат нуклеарната централа Запорожје што ја зазедоа во март.

„Во изминатите недели добивме информации дека има знаци дека можеби се подготвуваат да ја напуштат фабриката“ – рече шефот на Енергоатом, Петро Котин, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека има многу голем број на информации во руските медиуми дека треба да ја напуштат централата и дека контролата треба да ја предадат на Меѓународната агенција за атомска енергија – МААЕ.

„Имате впечаток дека ги пакуваат куферите и крадат се што можат“, рече Котин.

Со месеци Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на областа каде што се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, која повеќе не произведува струја.

Запрашан дали е премногу рано да се зборува за заминување на руските војници од фабриката, Котин на телевизија рече:

„Прерано е. Сега не го гледаме ова, но тие се подготвуваат да заминат“.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ