Пловечкото џакузи се напојува со електричен мотор со батерии кои ви овозможуваат крстарење од четири до осум часа, во зависност од тоа колку брзо се движите низ водата.
Претставено е првото пловечко џакузи во светот по име Spacruzzi, на истоимената американска компанија со производство во Невада и Монтана. Станува збор за интересен хибриден производ кој комбинира хидромасажна када и чамец. Наменет е за најмногу пет лица.
Spacruzzi-то има вграден камин на гас и внатрешен систем за греење што ја одржува топла водата во џакузито додека крстарите по езерата и другите водни површини. Патентираниот систем вклучува и филтрација на вода за да се одржи чисто и безбедно за употреба.
Пловечкото џакузи се напојува со електричен мотор со батерии кои ви овозможуваат крстарење од четири до осум часа (со едно полнење), во зависност од тоа колку брзо се движите низ водата.
Многу е едноставно и безбедно за ракување. Дизајнот на пловилото спречува превртување и обезбедува безбедно возење. Достапни се и заштитни елеци и друга заштитна опрема, кои се чуваат во лесно достапна преграда на Spacruzzi-то.
Спакрузите се продаваат по цена од околу 50.000 американски долари.