ХУТИ ГО НАПАДНАА АМЕРИКАНСКИОТ АВИОНОСАЧ! Јеменските бунтовници тврдат дека биле истрелани крстаречки ракети и беспилотни летала, друг брод бил погоден од БАЛИСТИЧКА РАКЕТА (ФОТО)

Јеменските бунтовници Хути објавија дека рано утринава извршиле нов напад врз американскиот носач на авиони „УСС Хари Труман“.

Тие изјавија дека во северниот дел на Црвеното Море во последните 24 часа нападнале и брод за снабдување на овој носач на авиони.

Ксинхуа пренесува дека во изјавата емитувана на телевизијата Ал Масира, која ја држат Хутите, нивниот портпарол Јахја Сареа рекол дека врз носачот на авиони биле истрелани „крстосувачки ракети и беспилотни летала“, како и дека бродот за снабдување бил погоден со „балистичка ракета“.

Американската морнарица не го коментираше ова тврдење.

Тензиите меѓу Хутите и американската војска ескалираа откако Вашингтон ги обнови воздушните напади врз јеменските бунтовници на 15 март.

Хутите го контролираат северниот дел на Јемен.

Во последните денови тие постојано тврдеа дека извршиле напади врз американски воени бродови и цели во Израел.

Хутите велат дека целта на нападот е да се изврши притисок врз Израел, кој е поддржан од САД, да ја запре офанзивата во Појасот Газа и да дозволи испорака на хуманитарна помош до палестинската енклава.

Пронајдете не на следниве мрежи: