Поврзете се со нас

Македонија

Лемос успешно опериран, го очекува долга пауза од терените (ФОТО)

Објавено

на

Фудбалерот на Вардар, Матеус Лемос имаше успешна операција на коленото по повредата на предниот вкрстен лигамент.

Офанзивецот настрада на дуелот со Воска Спорт во рамките на 28. коло во Првата лига, поточно заработи потешка повреда поради која мораше да заврши под нож.

Хируршкиот зафат мина како што треба и сега следи долг процес на закрепнување од шест до осум месеци.

Бразилецот одигра 27 средби за „црвено-црните“ во актуелнава кампања и даде еден гол и забележа една асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни