„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Палмер е фудбалерот кој Челси долго го чекаше

Кол Палмер реализираше сензационален трансфер од Манчестер Сити во Челси при самиот крај на летниот преоден рок, а уште во првата сезона во „синиот“ дрес стана миленик на навивачите на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Младиот Англичанец оваа сезона е фудбалерот со најголем број на креирани и реализирани гол-ситуации за Челси и само петтиот фудбалер на славниот англиски клуб во 119-годишната историја на клубот кој е инволвиран во повеќе од 30 голови за „сините“ во една сезона во Премиерлигата.

Пред него во тоа успеаја Џими Флојд Хаселбенк во сезоната 2000/01, Френк Лампард во два наврати (2004/05 и 2009/10), Дидие Дрогба во сезоната 2009/10 и Еден Хазард во сезоната 2018/19.

Се вчитува...