Се откачи рингишпил во Србија, над 10 деца повредени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Едно дете е тешко повредено, а 12 од нив се здобиле со полесни повреди во несреќата што се случи денеска на југот на Србија.

Во градот Куршумлија се откачил рингишпил, јавува порталот nova.rs.

На тешко повреденото девојче му била укажана лекарска помош во болницата во Ниш, додека останатите се пренесени во болницата во Прокупа.

Девојчето било реанимирано, тешко е повредено

Нова.рс дознава дека тешко повреденото девојче е реанимирано и е во тешка состојба.

Како што може да се види на фотографиите на социјалните мрежи, станува збор за рингишпил за помалите деца.

Како се случил инцидентот се уште не е познато.