Search

Инстаграм vs. реалност: Тренерката покажа како изгледа нејзиното тело без да позира

Фитнес тренерката и инфлуенсер Моли Ава реши да стави крај на филтрите и лагите од социјалните мрежи. Таа покажа како изгледа нејзиното тело од различни агли и рече:

„Ја избирам љубовта за себе. На двете фотографии телото ми е затегнато, на едната изгледа опуштено, а на другата не. И двете верзии на истото тело заслужуваат љубов.

Лесно е да се фатите себеси како се споредувате со оваа затегната фотографија, но запомнете – никој нема рамен стомак 0-24“, додаде таа. Нејзината објава воодушеви илјадници луѓе.

Не е прв пат Моли да испраќа ваква важна порака. Таа на своите профили на социјалните мрежи редовно покажува колку е лесно да се трансформира телото во нешто сосема друго со поза и облека, но и нагласува дека ако понекогаш сте подуени, не значи дека не сте „успеле“. Погледнете дел од нејзините објави.

Најново

Последни колумни