Ули Хенес искрено: Чаби Алонсо во Баерн, тоа е речиси невозможна мисија

Јавна тајна е дека Баерн Минхен се обидува да стигне до потписот на Чаби Алонсо за нов тренер почнувајќи од јули 2024 година. Сепак, Ули Хенес не е оптимист дека најтрофејниот германски стратег ќе успее да стигне до потписот на извонредниот стручњак, за кого очекува да остане во Баер Леверкузен.

Баерн е во трка со Ливерпул за потписот на Чаби Алонсо, но Хенес е убеден дека иднината на овој млад стратег, барем онаа краткорочната, лежи на „Бај Арена“ во Леверкузен.

„Вистина е дека сакаме да потпишеме договор со Чаби Алонсо, тоа не е тајна. Меѓутоа, тоа ќе биде многу тешко, да не кажам невозможно. Според мене, Чаби Алонсо ќе остане во Баер за да го продолжи својот ангажман таму. Тој води тим со кој е блиску до титулата во Бундес-лигата, има за што да му биде благодарен на овој клуб исто како што управата треба да му биде благодарна на него“, изјави Ули Хенес.

Чаби Алонсо како фудбалер настапуваше за Баер во периодот од 2014 до 2017 година, стекнувајќи одличен однос со клупската управа на чело со Хенес и Румениге. Впрочем, Ули Хенес се обиде да го задржи Чаби во клубот, нудејќи му да стане спортски директор веднаш по завршувањето на играчката кариера, но Шпанецот ја одби оваа понуда бидејќи сакаше да почне тренерска кариера.

Се вчитува...