Барселона нема намера да го задржи Феликс

од Vladimir Zorba

Напаѓачот Жоао Феликс, кој премина во Барселона, на лето ќе го напушти каталонскиот клуб и ќе се врати во Атлетико Мадрид, пренесува „Кадена СЕР“.

24-годишниот фудбалер оваа сезона беше на позајмица во Барса, но раководството на тимот ја одби опцијата да ги откупи правата на Португалецот од Атлетико.

Каталонците имаат финансиски проблеми и не можат да си дозволат да купат играч за 60-70 милиони евра, се вели во информациите.

Самиот Феликс сака да остане кај Каталонците за кои оваа сезона во Примера има 7 гола и 3 асистенции.

Слични содржини