Ѓоковиќ игра против еден од оние играчи кои јавно го напаѓаа најдобриот тенисер во свет

Новак Ѓоковиќ е фаворит за пласман во полуфиналето на мастерсот во Монте Карло, а негов денешен ривал е Алекс де Минор од Австралија. Де Минор е на 11-тото место на АТП-листата, а губел во двата меча против Ѓоковиќ што досега ги има одиграно.

Иако на теренот нема некое големо ривалство меѓу Ѓоковиќ и Де Минор, сепак овие двајца тенисери не се почитуваат многу. Проблемот се случи кога Де Минор реши јавно да го критикува Ѓоковиќ затоа што Србинот не сакаше да се вакцинира против корона-вирусот. Де Минор инсистираше и беше задоволен кога Ѓоковиќ беше исфрлен од настапот на Отвореното првенство на Австралија во 2022 година.

Потоа следуваше и реакција на Ѓоковиќ, кој на Отвореното првенство на Австралија 2023 година беше запрашан за тоа што мисли за Де Минор.

„Немам никаков однос со него. Јас него го почитувам како свој колега и ривал, како што ги почитувам и сите останати. Немам никаков проблем да го поздравам него или некој од неговиот тим или да му честитам кога ќе победи. Сепак, немам никаква комуникација со него. Тој сам покажа што мисли за мене. Каков однос да градам после тоа?“, беше ланската реакција на Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести