Шпанците најавуваат пресврт: Лука Модриќ уште една сезона во Реал Мадрид?

Веќе на сите им е познато дека договорот на Реал Мадрид со Лука Модриќ истекува на крајот од тековнава сезона. Многу се зборува за иднината на хрватот, дали ќе се пензионира или ќе прифати некоја од богатите понуди кои стигнуваат на неговата адреса од клубовите од Саудиска Арабија и американската МЛС лига или можеби ќе се одлучи за враќање во Динамо Загреб.

Сепак, новинарот на шпанскиот весник „Марка“, Феликс Диас, тврди дека Модриќ ќе го продолжи договорот со „кралскиот“ клуб на уште една сезона. Ова е прва ваква информација која се појавува во јавноста, а се однесува на иднината на хрватот, кој со текот на години стана жива легенда на Реал Мадрид.

Модриќ оваа сезона најчесто добиваше шанса од клупата за резерви, но сепак, собра 39 настапи на кои постигна два гола и запиша шест асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести