Oд денеска воздухопловните сили на сојузничка Италија ќе патролираат над македонското небо

од Симе Стоиков

Од денеска Република Италија со своите воздухопловни сили и официјално се вклучува во НАТО Мисијата за воздухопловно патролирање на македонското небо. Техничкиот договор за вклучување на италијанските воздухопловни сили во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над нашето небо денеска во Скопје го потпишаа министрите за одбрана на двете земји, Славјанка Петровска и Гвидо Кросето.

Министерката Петровска изјави дека одлуката за тоа била донесена и за неа Министерството информирало во средината на минатата година, подвлекувајќи дека таа претставаува приказ на дело на сојузништвото и единството.

-Италијанските и грчки воени воздухоплови во координација со македонското воено воздухопловство ја гарантираат безбедноста на небото над Република Северна Македонија. Изградивме вистинско сојузништво и развивме силна соработка, а фактот дека италијански воздухоплови ќе ја гарантираат безбедоста на нашиот воздушен простор е приказ за целосна меѓусебна доверба. Во деновите кога ја одбележуваме четиригодишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата нема подобар пример за единство и колективна одбрана од денешното потпишување на овој договор и официјалното приклучување на Италија во оваа мисија. Овој систем е еден од клучните предности кои произлегуваат од членството во НАТО.

Италијански и грчки воздухоплови координирани од националниот капацитет, раководени од Сојузничлката воздухопловна команда на НАТО, а под тактична контрола на Центарот за комбинирани воздухопловни операции во Торехал Шпанија. Тоа е единство, сојузништво од кое корист имаат 32 суверени земји и над една милијарда луѓе во светот, рече Петровска

Италијанскиот министер за одбрана Кросето изјави дека е чест што денеска е тука и го потпишуваат овој, како што вели, историски договор со Северна Македонија.

-Италија заедно со Грција ја презема одговорноста за заштита на неботот над Северна Македионија и тоа повеќе од зборови покажува колку е важно сојузништвото во НАТО, бидејќи да бидете сојузници значи да ги направите достапни вашите одбранбени сили за одбрана на други земји кога имаат потреба од тоа. За Италија е чест да работи во оваа насока бидејќи ја има довербата од Северна Македонија, потенцира Кросето.

Слични содржини