ВЕСТИРЕГИОН

Земјотрес од 4,3 степени утрово ја погоди источна Србија

Силен земјотрес утрово ги разбудил жителите на Кладово во источна Србија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, а се почувствувал и во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор и други градови во источна Србија. Некои граѓани го почувствувале и во Ниш.

И Сеизмолошкиот завод на Србија на својата веб-страница објавил дека во 7:42 часот е регистриран земјотрес во областа Кладово.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button