ВИДЕО| Путин возеше преку Кримскиот мост

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот самиот управуваше „мерцедес“ преку Керченскиот мост, кој по украинскиот напад стана попознат како Кримскиот мост, кој ја поврзува јужна Русија со црноморскиот полуостров каде доминатното руско населени по превратот во 2014 година преку два референдума со огромно мнозинство прво ја поврати укинатата автономија по осамостојувањето на Украина во 1990-те и потоа се врати во составот на Русија од која е отцепен административно со одлуката на тогашните советски власти во 1953 година, што Киев и Западот го сметаат сега за нелегално руско анектирање на украинска територија.

Потегот на Путин доаѓа два месеци откако во диверзијата којашто Москва ја нарече државен тероризам од страна на Украина беше оштетен еден од најзначајните инфраструктурни проекти во овој дел на Русија.

Путин во 2018 година го отвори патниот и железнички мост долг 19 километри. Рускиот претседател, придружуван од вицепремиетот Марат Куснулин, беше прикажан на државната телевизија како управува со лимузина „мерцедес“, поставувајќи каде точно се случил нападот од 8-ми октомври, по што следеше одмазничкото руско речиси секојдневно ракетирање на украинската клучна инфрасттруктура.

„Се возиме на десната страна (која по реконструкцијата беше ставена во функција во понеделникот – з.р.). Левата страна, колку што сфаќам, е во сообраќај, но сепак треба да се доврши. Сѐ уште е малку отцепена, треба да ја доведеме во идална состојба“, рече Путин преминувајќи преку мостот.

Путин се прошета и пеш по мостот, најголемиот во Европа, за да ги прегледа деловите на кои сѐ уште се присутни трагите од експлозијата и подоцнежниот пожар на железничката композиција која минуваше над коловизот токму во тој момент.

Рускиот челник за патувањето избрал автомобил „мерцедес“, кој се движил со брзина од 60 до 80 километри на час, а радиото го поставил на станицата „Европа плус“.

Украина никогаш не ја презема одговорноста на нападот за експлозијата на 8-ми октомври во утринскитеи часови, ден по 70-от роденден на Путин. Руското разузнавање објави како се движел товарот и камионот кој експлодираше низ неколку земји во регионот, меѓу кои и земји членки на НАТО, обвинувајќи ги за саботажата украинското воено разузнавање и западните служби.