Британија ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП

Велика Британија планира да ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 отсто од бруто домашниот производ до крајот на оваа деценија, изјави во вторникот британскиот премиер Риши Сунак.

Сунак ова го изјави во Варшава за време на посетата на британските војници стационирани во Полска заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој ја поздрави најавата на Лондон.

НАТО постави цел земјите-членки да издвојат 2 отсто од БДП за одбранат во 2006 година, како препорака а од 2014 година и како зацртана цел, но до почетокот на руската инвазија во Украина во 2022 година само седум земји од сега 32 члениот сојуз издвојуваат на ова или повисоко ниво.

Велика Британија во моментов издвојува околу 2,3 отсто од националниот БДП. Според Сунак, дополнителни 75 милијарди фунти ќе бидат инвестирани во одбраната во следните шест години.

„Денеска е пресвртница за европската безбедност и историски момент за одбраната на Обединетото Кралство“, рече британскиот премиер, кому му претстојат општи избори најдоцна до јануари 2025 година. Конзервативците на Сунак далеку заостануваат зад опозициските лабуристи во анкетите.