Моментите на одлука: Кефи со тројка и асистенција ја урна Цедевита Олимпија (видео)

Мајк Кефи беше човекот на одлука во клучните моменти на дуелот со Цедевита, откако Американецот ја презеде одговорноста и му ја донесе победата на МЗТ Скопје.

Гостите од Словенија стигнаа до израмнување, кога Кефи најпрвин погоди во рекетот, а потоа и реализираше тројка за еуфорија во салата. Печат на победата беше ставен со одличната асистенција на Кефи до Абу, по која центарот на „металците“ со атрактивно забивање ја круниса акцијата.

Погледнете ја завршницата од дуелот во „Јане Сандански“ и големата победа на МЗТ Скопје…

 

Се вчитува...