Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Од:

Најмалку 55 лица се повредени, од кои двајца потешко, кога воз и автобус на Универзитетот во Јужна Калифорнија (USC) се судрија на прометна улица во центарот на Лос Анџелес.

Според сведочењето на членовите на противпожарната служба во Лос Анџелес, судирот се случил непосредно пред пладне по локално време на булеварот Експозиција, во близина на кампусот УСЦ и Природонаучниот музеј, пренесува АП.

Две лица се хоспитализирани со тешки телесни повреди, 16 се пренесени во болници во стабилна состојба, уште на 37 повредени им е укажана помош на лице место, а најтешко се повредени возачот на автобусот и еден патник, изјави припадник на противпожарната служба.

Дејв Сотеро, портпарол на ЛА Метро, ​​рече дека автобусот преминал на патеката на возот Е што превезува патници од Источен Лос Анџелес до центарот на Санта Моника.

Телевизиските снимки покажуваат дека левата страна на црвено-белиот градски автобус била искршена кога удрил во првиот вагон од возот на метрото.

„Управата на градското метро изразува жалење до повредените во несреќата“, рече Сотеро и потврди дека сообраќајот на метрото ќе биде ограничен.

Би можело да ве интересира

Четворица повредени во сообраќајка во Гостивар

Горан Наумовски

Во судар на три возила кај Пожаревац: Има загинати

Горан Наумовски

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Петмина повредени во сообраќајка на три возила близу Кичево

Тешка сообраќајка кај Зеница: Се судрија автобус и камион, загина возач

Горан Наумовски