Американски генерал Каволи: Украина, без американска поддршка, наскоро ќе остане без артилериски гранати и системи за ПВО


Командантот на европската команда на американската армија Кристофер Каволи денеска изјави дека Украина, без американска поддршка, наскоро ќе остане без артилериски гранати и системи за противвоздушна одбрана.


„Ако едната страна може да пука, а другата не може да возврати, таа ќе изгуби“. Влоговите се многу големи“, изјави Каволи пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом.


Тој предупреди дека без помош, Украина „ќе остане ранлива на делумен или целосен пораз“.

Републиканскиот претседател на Претставничкиот дом одбива да свика гласање за нацрт-законот со кој на Украина ќе и се додели помош од 60 милијарди долари. рп/Фото: ЕПА .


Извор: МИА