Search

(ВИДЕО)Во Турција приведени 36 лица осомничени за поврзаност со „Исламска држава“

Турските власти во полицјска акција наречена „БОЗДОГАН-27“ приведоа 36 лица поради наводна поврзаноаст со групата „Исламска држава“ во рамки на операции спроведени во Истанбул, Ескишехир, Измир и Кајсери, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

На медиумската платформа „Икс“ на која е објавено и видео од акцијата Јерликаја посочи дека осомничените дејствувале во корист на Исламската држава со собирање средства или снабдување на терористичката организација.

„Полицијата заплени и неколку пушки и пиштоли“, рече министерот Јерликаја.

Треба да знаете
Последни објави