Невладини организации го пријавија германскиот фарамцевстски гигант

Група невладини организации се пожалија до Организацијата за економска соработка и развој (OECD) дека германската хемиска и фармацевтска компанија „Bayer“ ги прекршува нејзините принципи за одговорен бизнис со генетски модифицирани семиња и хербицид глифосат.

„Bayer промовира земјоделски модел кој создава несигурност во снабдувањето со храна и предизвикува недостиг од вода и екстремно уништување на шумите, го загрозува здравјето и предизвикува конфликти околу земјиштето на штета на домородните народи и малите земјоделци“, се наведува во поднесокот од група здруженија.

Поплаката однесува на случаи во Бразил, Аргентина, Парагвај и Боливија. Невладините организации се со седиште во овие земји и во Германија.

„Компанијата не одговори адекватно на сериозните ризици за човековите права и животната средина директно поврзани со нејзиниот бизнис модел во регионот. Не се следени последиците од употребата на генетски модифицирани семиња и пестициди и не се преземени ефективни мерки за нивно спречување и ублажување“, рече Сара Шнајдер од Misereor, германска хуманитарна група поврзана со Католичката црква.

Во Бразил, Аргентина, Боливија и Парагвај, генетски модифицираните семиња се сеат на повеќе од половина од земјоделското земјиште, а глифосатот се користи за одгледување.

„Луѓето боледуваат од сериозни болести, а изворите се загадени. На домородните и земјоделските заедници им се одзема земјиштето, што влијае на нивниот начин на живот и исхрана“, наведува Абел Ареко од парагвајската организација BASE-IS.

Уништувањето на шумите за одгледување на соја ја загрозува локалната флора и фауна, се наведува уште во жалбата.

@Германската компанија ги прекршува насоките на OECD за одговорно деловно однесување#, заклучуваат здруженијата во жалбата што ја поднеле во четвртокот до канцеларијата за контакт на OECD во Германија.

Од „Bayer“ ги отфрлуваат обвинувањата, тврдејќи дека неговите производи се докажано безбедни. Како одговор на наводите, портпаролот на компанијата рече дека безбедноста на производите е нивниот главен приоритет.

„Во бројни студии за безбедност и лиценцирање (…) ние јасно покажавме, врз основа на цврсти научни докази, дека нашите производи се безбедни кога се користат правилно, во согласност со упатствата за употреба и дека луѓето и околината не се изложени на неприфатлив ризик“, објасни портпаролот на „Bayer“.

Дејството на средството за заштита на посевите е детално тестирано, рече тој, а се проверени и нивните токсиколошки својства и степенот на можни остатоци во растенијата и животната средина.

Истражувањата како дел од процесот за добивање дозвола се засноваат на строги меѓународни упатства на ОЕЦД, нагласуваат од германската компанија, додавајќи дека се организираат и обемни курсеви за земјоделците.

Баер не знае за инцидентите во Јужна Америка споменати во жалбата, рече портпаролот, истакнувајќи дека земјоделските услови генерално се одговорност на локалните власти.

Жалбата е првиот чекор во процесот на решавање спорови, кој веројатно ќе трае со месеци, забележува dpa. Сега OECD ќе ја преземе улогата на посредник во разговорот меѓу компанијата и нејзините критичари. OECD нема овластување да изрекува казни, додава dpa.