Поврзете се со нас

Италија

Буфон го именуваше најдобриот голман во Серија А: Многумина се изненадени од него, но јас не сум

Објавено

на

Foto:twitter.com/ParmaCalcio_en

Џанлуиџи Буфон долги години важеше за најдобар италијански голман и едноставно немаше конкуренција во репрезентацијата, а како легенда која сега го продолжи својот пат и во Федерацијата, поранешниот чувар на мрежата говореше за најдобрите голмани кои моментално бранат во Калчо лигата.

Буфон пред извесно време со пофални зборови говореше за напредокот кој го направи Викарио во Тотенхем, но кога се во прашање голманите кои играат во домашното првенство, не пропушти посебно да го издвои летното засилување на Интер.

Јан Зомер како крајно искусен голман дојде да го менува Андре Онана, па иако имаше и такви кои се сомневаа во него, швајцарскиот репрезентативец покажа дека најдобар оваа сезона.

– Кога ќе се погледнат бројките и чистите мрежи кои ги има, не смееме да не го споменеме Јан Зомер како најдобар. Многумина беа изненадени од него, но јас не сум.

– Знаев дека ќе биде и повеќе од добар за Интер. Сметам дека добар цела сезона е и Шчесни, но имаме и млади италијански голмани кои ни даваат надеж за иднината. Донарума и натаму е „единица“ на Италија, но мислам дека сме добро покриени на таа позиција и со други голмани, – изјави Буфон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни