СЕЛМА ХАЈЕК ИЗМАМИ ВОЗДИШКИ ВО ПРОВИДЕН ФУСТАН! Популарната актерка ја покажа долната облека на црвениот тепих (ФОТО)

26 јануари, 20230
628278_selma23_f

Актерката Селма Хајек (56) се појави на премиерата на филмот „Magic Mike’s Last Dance“ во провокативен мрежест фустан под кој имаше само долна облека.

Во новиот филм „Magic Mike’s Last Dance“, Селма глуми со колегата Ченинг Тејтум, а јасно е дека сите погледи се вперени во неа, бидејќи актерката привлече големо внимание, пренесува „Daily Mail“.

Селма носеше храбар, црн фустан кој ја истакна нејзината фигура. Фустанот беше покриен со цветни детали што го направија повпечатлив.

Со оглед на тоа што фустанот беше црн, Селма под него носеше црна долна облека, која одлично одговараше на нејзината тоалета.

Јасно е дека актерката им зададе домашна задача на помладите колешки бидејќи изгледа неверојатно во шестата деценија.

Селма отсекогаш говореше дека нејзините облини се природни, и дека Бог и дал гради кои „растат со менопаузата“.

Актерот Ченинг Тејтум откри зошто Селма Хајек била избрана за главна актерка.

– Мислам дека би било шовинистички да се сними филм за зајакнувањето на жените, а да нема жена која со својот силен карактер би ги инспирирала другите жени – рече Тејтум, додавајќи дека Селма Хајек е создадена за улогата на Максандра Мендоза, моќна богаташка која по разводот бара нова животна насока.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi