Кошаркарот на Реал Мадрид, Винсент Поарије, зборуваше за тепачката на мечот со Партизан, минатата сезона во плејофот.

Познатата тепачка се случи на вториот натпревар од плејофот на Евролигата во Мадрид, кога поведе Партизан со 2:0 во серијата до три.

Сè кулминираше по судирот меѓу Кевин Пантер и Серхио Љуљ, по што двете екипи се вклучија во пресметката. На крајот, неколкумина играчи добија исклучување, а натпреварот беше прекинат и му беше доделена победата на Партизан, кој во тие моменти водеше убедливо.

Французинот зборуваше за тој настан во поткаст за литвански „Баскет њуз“, посочувајќи дека кошаркарите на Реал Мадрид добивале смртни закани.

  • Се сеќавам дека беше лудо, сите добиваа смртни закани. Имавме обезбедување, огромно. Пред загревањето, луѓето врескаа по нас. Таа емоција, дури и кога е против тебе… да играш таму, лудо е. Играјќи во таа атмосфера, знам дека секогаш кога ќе бидеме таму со Мадрид, ќе биде тешко, ќе биде толку бучно… Никогаш не се исплашив, давав автограми, се сликав со навивачите, немам лоши спомени. Кога се враќавме, се надевав дека ќе биде така – изјави Поарије.

По тоа, Реал ги доби следните три натпревари и влезе во историјата како првиот клуб што се вратил од 0:2 и подоцна станал шампион во Евролигата.