Свет

200 членови на Хамас убиени во болницата Ал-Шифа

Жестоки израелски напади врз Газа, погодени бегалски кампови, ОН испрати предупредување

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека повеќе од 200 вооружени лица биле убиени за време на операцијата против Хамас во болницата Ал-Шифа во градот Газа.

Во текот на изминатиот ден, напаѓачите на Хамас излегоа од собата за итни случаи во Ал-Шифа, каде што беа скриени, и отворија оган врз израелските војници, тврди ИД, додавајќи дека неколку слични инциденти се случиле во последните денови.

Во текот на тековните борби, армијата вели дека војниците евакуирале цивили, пациенти и медицински персонал во друг дел од болницата „која ИД ја подготви и ја постави за да овозможи продолжување на соодветниот медицински третман“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Истовремено, ИД тврди дека уште десетици оперативци на Хамас биле убиени за време на операциите во изминатиот ден во градот Ал-Карара во јужна Газа и во населбата Ал-Амал во Кан Јунис.

Војниците кои дејствуваат во јужниот дел на Газа, исто така, лоцирале и уништиле складишта за оружје, а во централниот дел на Појасот, ИД вели дека неколку спротивставени оперативци биле убиени во текот на изминатиот ден од војниците на бригадата Нахал и во воздушните напади.

На почеток