На 21.03.2025 во 11.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Ѓорѓи Андреевиќ-Кун“ во Скопје патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице (54) од Скопје, удрило во велосипед управуван од В.А.(52) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен бил јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.