Утрински Весник
Скопје

МВР поднесе кривична пријава против градоначалник на скопска општина

Osnovnoto Avno Obvinitelstvo Skop E.jpg

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353 од Кривичниот законик, информира СВР Скопје.

Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126. Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои е не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка.

Можете да прочитате

Стопанска Триоги триатлон во Скопје, посебен режим на сообраќајот

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош