Првата исплата за Западен Балкан е можна пред летото

190

Првата исплата во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, кој на регионот му нуди дополнителна финансиска помош од шест милијарди евра во периодот од 2024 до 2027 година, може да биде извршена до лето, изјави вчера портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.

„Доколку се биде добро, се надеваме дека ќе успееме, горе-долу, да ја извршиме првата уплата до лето. Ќе има индикативни распределби врз основа на БДП и населението на нашите партнерски земји“, рече Писонеро на брифинг со новинарите во Брисел.

Писонеро додаде дека партнерите од Западен Балкан подготвуваат реформски агенди за да можат да пристапат до финансиските ресурси од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. „Очекуваме нашите партнери да достават реформски агенди до комисијата кога регулативата ќе стапи во сила“, рече Писонеро, додавајќи дека реформските агенди ќе треба да ги оцени Европската комисија, по консултациите со земјите-членки на ЕУ.

Инструментот е финансиски столб на Планот за раст за Западен Балкан, кој беше претставен од Европската комисија во ноември 2023 година, а се очекува дека до две милијарди евра грантови и четири милијарди евра заеми за партнерите од Западен Балкан , пренесува Танјуг.