Дете завршило во болница откако се лекувало со билки: Колку е опасна алтернативната медицина? 

Тоа што детето завршило кај дерматолог, па во болница откако педијатарот го лекувал со филадендрон е вест која многумина ги вознемири.

Повеќето од нас често прибегнуваат кон алтернативна медицина, но таа не е секогаш препорачлива и добра, а особено е незгодно доколку се појават компликации.

Исто така, многу е важно секогаш прво да одите на лекар и да ги користите лековите што ви ги дале, а алтернативната медицина да остане токму онака како што кажува нејзиното име – алтернатива.

Кои растенија се опасни ако се користат како мелем, а кои можат да бидат корисни? За ова зборуваа Момчило Антонијевиќ, национален билкар и д-р Предраг Мајчан, дерматолог, кои гостуваа во емисијата Јутро.

„Има растенија кои се екстремно агресивни кога ги допираме. Ако допрете филадендрон, ништо нема да се случи, но ако го триете, може да дојде до реакција кај чувствителните луѓе“, започнал Антонијевиќ.

Дури и на пазарите можете да купите некои растенија кои можат да бидат опасни ако не знаете како да ги користите.

„Сите растенија кои содржат сулфурни соединенија, како лукот, доколку се остават на незаштитена кожа подолго време, можат да предизвикаат црвенило. Дефинитивно треба да бидете внимателни, иако сите го сакаме вкусот што доаѓа од нив“, истакна тој.

Во дерматологијата има фотофитоферматитис, кога се јавува алергиска реакција, но не се знае дали споменатото дете било склоно кон алергии.

„Јас сум приврзаник на традиционалната медицина, но се поставува прашањето за возраста и за каква употреба, секако. Понекогаш можат да помогнат и хербалните препарати, но со тоа треба да се внимава“, вели д-р .