Османи знаел дека Пендиков е наркодилер но сепак од скијање му отишол на посета

Министерот за надворешни работи Бујар Османи бил информиран дека претепаниот Охриѓанец Христијан Пендиков е дилер со дрога но сепак од скијање му отишол на посета во Софија.

Османи бил лично информиран од владини претставници дека Пендиков не е натепан затоа што е Бугарин туку затоа што имал лични нерасчистени должничко доверителски односи поврзани со дрога со напаѓачите но сепак го посетил во болница во Софија.

Османи во моментот кога Пендиков е префрлен во Софија на лекување се наоѓал на скијање во бугарски ски центар од каде заминал во посета на Пендиков.

Извори во ДУИ велат дека на Османи му било сугерирано од западни дипломати да го посети Пендиков со цел да ја смири тензијата со Бугарија.

Наместо тензијата да се смири Бугарија сега разликата во сигналите што го испратија Османи, премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски ја толкува како повод за дипломатски напад и замрзнување на европските интеграции за Македонија.

Изворите во ДУИ не откриваат кој му рекол на Османи дека е добар дипломатски потег да замине во посета на нарко дилер во софиската болница.