Регион

Струмичанец избегал од затвор, извршил четири кражби, пронајдена му е и марихуана

На 24.01.2024 во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(27) од село Ангелци, струмичко. Тој бил барал со централна потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Струмица, а при лишувањето кај него била пронајдена марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и во службен разговор признал дека во декември 2023 и јануари 2024 година на подрачје на Струмица извршил четири кривични дела „тешка кражба” и едно кривично дело „кражба”.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме:

Прoнајден е кокаин во Струмица, приведен дилерот

Сузана Мицева

Струмица го уредува просторот кај Габровските водопади

Ване Трајков

Владата ги усвои измените за цените на лекување во приватните клиники, ќе пресече Собранието

Стојне Митева