Граѓаните рутински го решија Нотингам и ја продолжуваат мртвата трка за титулата со Арсенал (Видео)

Фудбалерите на Манчестер сити остварија рутинска победа на гостувањето кај Нотингам форест до 0:2 и ја продолжија трката со Арсенал за шампионската титула во Премиер лигата.

Граѓаните се втори на табелата со 79 бода, со бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал, додека Ливерпул со вчерашното реми испадна од трката за титулата.

Граѓаните постигнаа по еден гол во двете полувремиња, во првиот дел во листата на стрелци се запиша дефанзивец, Јошко Гвардиол, додека во второто, тоа беше најдобриот стрелец на екипата, Ерлинг Халанд.

Во наредното коло, Манчестер сити ќе игра против Вулверхамптон на „Етихад“, а до крајот на сезоната го очекуваат и гостувања кај Фулам и Тотенхем, додека во последното коло ќе игра против Вест хем пред своите гледачи.

 

- Оглас -

Најнови вести