Нови консултации меѓу власта и опозицијата во Србија за изборните услови


Парламентарните партии од владејачкото мнозинство во Србија и опозицијата претпладнево во Народното собрание ќе одржат нова средба за изборните услови и препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), јави Бета.


Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, на средбата ги покани сите пратенички групи, претставници на граѓански организации и меѓународни партнери, со цел „да се разговара за понатамошната работа за исполнување на препораките за подобрување на изборниот процес во Србија“.


На последната консултација, одржана на 11 април, присуствуваа и американскиот амбасадор Кристофер Хил и шефот на Делегацијата на ЕУ Емануел Жофре, а движењето Еколошко востание кое е дел од коалицијата „Србија против насилството“ и коалицијата НАДА одби да присуствува на тој состанок.

Брнабиќ по минатонеделната средба ги покани учесниците на дијалогот да достават предлози како да продолжи имплементацијата на препораките, наведувајќи дека ќе ги прифати сите предлози што го направиле опозицијата и невладините организации.


Опозицијата, меѓу другото, побара да се измени законот за граѓаните кои го промениле местото на живеење 12 месеци да не можат да гласаат на новото, но старото избирачко место, потоа да се формира работно тело кое ќе ја следи реализацијата на препораките на ОДИХР, комисијата која ќе изврши ревизија на избирачкиот список, како и суспензијата на изборните дејствија за белградските избори, бидејќи се уште не е договорена законската рамка за нивно спроведување.

Претседателката на Собранието одби да ги одложи изборите во Белград, закажани за 2 јуни.


Претставниците на коалицијата „Србија против насилството“ најавија дека до петок треба да донесат конечна одлука за учество на претстојните избори во Белград. зш/ .

Извор: МИА