Џеко заминува од Фенербахче со изненадувачки трансфер?

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко има одлична сезона за Фенербахче. Иксусниот голгетер го предводи својот тим со 22 голови и девет асистенции за вкупно 37 одиграни натпревари во сите конкуренции, но на крајот на сезоната би можел да замине од клубот во изненадувачки трансфер.

Трофејниот напаѓач кој во кариерата настапуваше за Волфсбург, Манчестер Сити, Рома и Интер добил богата понуда од Саудиска Арабија.

Во егзотичното првенство за потписот на 38-годишникот е заинтересиран Ал Хилал кој му нуди договор на една година со опција за продолжување на соработката и за уште една сезона со годишна плата од 11 милиони евра.

Се вчитува...