Петар Ангелов е роден на 8 март 1977 година во Кавадарци, познат под прекарот Диви, е македонски ракометар, кој игра на позицијата голман. Тој го носи прекарот „Диви“ поради неговата способност да направи добра атмосфера, како на теренот така и на трибините, особено при неговите одбрани.
Во својата плодна кариера, Ангелов има играно во македонските ракометни клубови Кавадарци, Металург, Пелистер и Вардар, како и во францускиот Трембле. Особено блескави настапи, Ангелов остварил во дресот на „Вардар“, каде дошол во 2013 година. Така, во Лигата на шампионите, во сезоната 2013-2014, во осминафиналниот натпревар против „Хамбург“, како и во четвртфиналниот натпревар против „Флензбург“, Ангелов имал голем придонес во победите на „Вардар“. Во декември 2014 година, тој го продолжил договорот со „Вардар“ на уште две години, до јуни 2017 година. На почетокот на 2018 година, тој потпишал за австрискиот клуб Кремс.
Ангелов бил стандарден македонски репрезентативец во периодот од 2002–2016 година, и бил дел од составот на македонската репрезентација на Светското првенство 2009 како и на Европските првенства одржани во 2012 и 2014 година. Ангелов исто така бил дел од македонскиот состав на Светското првенство 2015 година.
Среќен роденден Диви, ти посакува редакцијата на Екран.